Работиме исклучиво ортодонција
Фактот дека ние сме единствените во Македонија кој работиме исклучиво само како ортодонција заедно со нашето 15 годишно работно искуство и константното посетување на стручни курсеви и семинари во странство ја покажуваат нашата посветеност за напредување и одржување на највисокото ниво на квалитет.
Бесплатна консултација и преглед
Дознај каде е проблемот, со каков вид на протеза може да се реши и колку време ќе биде потребно?
Закажи бесплатен преглед и консултација на телефонот: 071 21 20 46 или контактирај не тука.
Третман без непотребно вадење на здрави заби
Ние сме едни од ретките кој работат ортодонција без претходно вадење на здрави заби. Со овој метод значително се намалува времето потребно за исправување на забите додека се крати голем дел од болката и дискомфортот низ целиот процес.
Амортизирано плаќање без скриени трошоци
Вкупната сума може да се подели на месечни рати кој ќе се плаќаат преку кредитна картичка. Исто така, кај нас нема никакви скриени трошоци што доваѓаат после поставувањето на протезата.
Целосна грижа за пациентите
Грижата за пациентите ни е на прво место, кај нас еден доктор ве следи од почетокот до крајот на третманот за да може лесно да го следи вашиот прогрес и да ги забележи проблемите додека се во почетните стадиуми.
Изненадување за пациентот
Кај нас секој пациент добива некакво изненадување! Специална четкичка за протеза, чистење на каменец, бесплатно белење на заби отакако третманот ќе заврши или можеби нешто друго?
